
Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска Скопје
Мисија на организацијата и опис на дејноста:
Унапредување на родовата еднаквост преку застапување за развој и примена на јавни политики за постигнување еднакви можности за жените и мажите, социјална инклузија и почитување на правата на жените. Основна определба на организацијата е да ги јакне знаењата, вештините и способноста за идентификување и одговор на специфичните потреби на Македонија во поглед на родовата нееднаквост. Организацијата работи на промовирање на култура на родова еднаквост и недискриминација; одговорно, транспарентно и отчетно владеење на полето на родовата еднаквост и правата на жените; зајакнување и поддршка на женскиот активизам и градење капацитети и интензивирање на јавната дебата, дијалог и соработка за прашањата поврзани со родовата еднаквост и правата на жените. Повеќе информации на следните линкови: www.zdruzenska.org.mk
https://www.facebook.com/pages/Akcija-Zdruzenska/262343160464971?ref_type=bookmark