
Мисијата на ЕХО е да се залага, помага и обезбедува услови за подобрување на социо-економскиот статус на граѓаните со посебен акцент на активното граѓанско учество во креирање на политики и заштитата на човековите права.
ЕХО е фокусирана на зголемување на граѓанското учество во креирањето на политики и донесувањето на одлуки. Досега реализираните активности ја покажуваат посветеноста и експертизата на членовите на ЕХО во залагање, застапување и лобирање за интересите на граѓаните.
Организацијата има респективно искуство во спроведување на мониторинг врз работатата на локалните власти локалното управување во насока на сузбивање на корупцијата, и унапредување на транспарентноста, отчерноста и одговорноста.
За повеке информации можете да ја посетите нашата веб страна www.eho-org.mk.