
Основана во 2011 година, Зип Институтот е независна, непартиска, тинк-тенк организација насочена кон изготвување и дисеминација на високо-квалитетни, објективни и сеопфатни идеи и анализи од централно значење за демократизацијата и интеграцијата на Македонија во ЕУ.
ЗИП се стреми да стане гласноговорник на процесот на демократизација во земјата и во регионот на Југоисточна Европа, и ја нагласува нејзината важност преку адресирање на најчестите проблеми со кои се соочува нашето општество, со работа на терен вклучувајќи обуки и конкретни активности за развој на заедницата. ЗИП е специјализиран во две клучни области: воведување на нови начини на неформално образование првенствено кај младите луѓе; и истражување на реформите во јавната администрација и локалната самоуправа.