
Фондацијата за локален развој и демократија – Фокус е невладина и непрофитна организација со седиште во Велес, Република Македонија.
Мисијата на организацијата е насочена кон унапредување на демократијата, локалниот развој и граѓанското општество. Разива и поддржува иницијативи кои се темелат на добро владеење и одговорно граѓанство.
Основни цели на фондацијата се:
- – Развој, промоција и поддршка на практики за добро управување;
- – Зголемување на учеството на граѓаните во процесите на одлучување и развојот на заедницата;
- – Промоција на филантропијата и
- – Институционално и програмско јакнење на организацијата
Активности:
- – Анализирање на актуелните состојби, следење на развојните процеси во заедницата и објавување и пристап до едукативно – инфромативни материјали, актуелни информации за процесите на децентрализација и ЕУ интеграцијата;
- – Организирање на независен мониторинг на реализација на општински програми и буџети;
- – Организирање трибини, дебати, форуми, тркалезни маси, работилници, кампањи, симпозиуми, јавни расправи и регионални средби по актуелните прашања во заедницата за поцелосно и редовно информирање на граѓаните;
- – Развивање и поддршка иницијативи на месна самоуправа и граѓански организации;
- – Промовирање на практики на работа со нови технологии во процесите на креирање на политики и вклучување во донесување на одлуки;
- – Организирање и испорачување обуки за развој, курсеви, средби и сервиси за потребите на здруженија, ЕЛС, месна самоуправа и граѓаните;
- – Организирање настани за прибирање средства и мобилизирање локални ресурси, други хуманитарни активности
- – Промоција и развој на волонтеризмот и волонтерска пракса.