
Фондацијата за развој на локалната заедница Штип е формирана во декември 2006 и е правен наследник на Центарот за поддршка на НВО Штип.
Мисијата на Фондацијата е ефективно учество на граѓаните во креирање јавни политики и нивна доследна имплементација.
Визијата на ФРЛЗ – Штип е етаблирање како водечка организација, тимски ориентирана со зајакнати човечки капацитети, финансиски стабилна, национално препознатлива и етаблирана како значаен партнер на меѓународни проекти.
Стратешки цели на Фондацијата се:
– Зголемување на влијанието на граѓанскиот сектор во креирање и имплементирање на јавни политики.
– Зголемување на одговорноста на граѓаните за решавање на локални проблеми (приоритети).
– Проширување на рамките на делување на ФРЛЗ – Штип на регионот на Западен Балкан.
Повеќе информации можат да се добијат од следната веб страна: http://frlz.org.mk/.