
Центар за едукација и развој-(ЦЕД) е невладина организација основана во 2006 година со седиште во Теарце. Организацијата како целна група ги има младите од 12 до 28 годишна возраст, додека за постигнување на целите на своите активности секогаш ги вклучува, работи и соработува со младите, наставниците, родителите, водечките институции и други невладини организации.
Зошто ние постоиме
Наша цел е да ги зголемиме знаењата, потенцијалните капацитети и искуства на младите преку методи и активности на неформалното образование.
Ние сме поддржани од страна на партнери од различни области со цел да одговорат на потребите на младите луѓе. Ова го постигнуваме преку промоција на личен развој, интеркултурна едукација и креирање на еколошката свест. Други области на фокус на организацијата се културни иницијативи во руралните области, волонтерството и мултиетничка соработка.
Мисија и области на дејствување
Имајќи ја во предвид нејзината мисија, ЦЕД се залага кон инвестирање во развојот на младите преку неформалнота едукација, младинска работа и волунтеризмот со цел тие да се поттикнат за креативни иницијативи и соработка помеѓу националностите кои живеат во регионот. ЦЕД верува дека младите имаат знаења, вештини и ставови и превземаат иницијативи за градење на здрава и развиена средина и соживот помеѓу сите негови граѓани.
Организацијата ги има идентификувано петте стратешки правци за дејствување и тоа: едукација, екологија, интеркултурно учење, организациски развој, спорт и младинска работа, додека за нивно реализирање се заснова на трите вредности како: соработка, едукација и еднаквост.
Досегашните проекти биле успешни по професионалниот пристап на организацијата и обучениот кадар ангажиран за водење на проектите. Најглавни активности при имплементација на проектите се: оддржување на работилници и семинари, обука за млади, реализирање на национални и меѓународни размени, имплементирање на конференции, дебати, кампањи, промовирање на книги, брошури идр.
Организацијата се залага за поголем развој на демократијата и цивилното општество, јакнење на довербата помеѓу различните етнички групи, вклучување на младите во културно-забавни, еколошки, образовни и спортски активности.
Организацијата се состои од членови и активисти кои припаѓат на сите националности кои живеат во регионот, но и пошироко во државава, со цел тие да придонесат за повисок развој на демократијата и цивилното општество, јакнење на доверба помеѓу разните групи, вклучување на младите во разни еколошки, културни и едукативни активности.
Од самото основање основање организацијата има реализирано низа проекти и активности, и тоа преку сериозна соработка со институции и фондации како: Министерсто за образование и наука, Општина Теарце, Детска фондација Песталоци, УСАИД, Југо-источен Универзитет во Тетово, Швајцарска програма за Култура, Прохелвециа, Еуронатур, ДБУ, Македонско Еколошко Друштво, Милиеуконтакт Македонија и други.
www.ced.org.mk