
Centro baso Romano khedipe “DROM”- Kumanovo
Ц.Р.З. ”ДРОМ” е кратенка за слоганот Центар за ромска заедница “ДРОМ”. ДРОМ на ромски јазик значи пат. Ц.Р.З.”ДРОМ” како невладина и непрофитна организација е формирана во 1997год.
Визија
Генерален напредок на Ромите, подигната свест и интеграција во општеството преку нивно зајакнување и претставување како рамноправни граѓани во Р.Македонија и надвор од неа.
Цели и задачи
Остварување на правата и еднаквоста на Ромите, утвредни со Уставот, и нивната соодветна и правична застапеност во сите сфери на општествено одлучување; решавање на актуелни прашања за унапредување на положбата на Ромите во сите сфери од општествениот,почитичкиот и економскиот живот; отстранување на сите облици на дискриминација на Ромите; создавање на услови за поголемо работно ангажирање на Ромите во стопанството и другите дејности; институционално јакнење на организациските капацитети,зголемување и усовршување на хумани ресурси; да се организира и врши стопанска и друга дејност; остварување на УНЕСКО Клуб кој ќе и служи за промоција на остварување на Целите на УНЕСКО за создавање услови за дијалог меѓу цивилизациите, култури и народи, врз основа на почитување на општите вредности; поголем број на активности кои ке ќе придонесатградење на мирот,искоренување на сиромаштијата ,одржлив развој и меѓукултурен дијалог преку образованието, наукатаи културата, комуникација и информирање во период; афирмирање на културата на живеење и презентирање на местото и улогата на Ромите во средствата за јавно информирање; ангажирање за што поголема опфатеност на Ромите во сите степени на образование и успешно дообразување; лобирање во институциите на државата за правата и интересите на Ромите, давање на правни совети а по потреба и обезбедување на правно лице кој ќе ги застапува нивните права; залагање за развивање на демократско општество во соработка со здруженија,организации, асоцијации Ромски и не Ромски од исти тип; залагање да нема појави на питачење на деца и стари лица и преземање одредени активности против присилните случаи на питачење; помагање на старите и на лица со ментална попреченост со задолжителна правна помош а по потреба и посредување на оние кои им е потребен негувател и старател.
Ахмет Јшаревски
Извршен директор
Контакти
Тел/++389 31 411 406
Фах/тел++389 31 430 148
info@drom.org.mk
ahmet@drom.org.mk
www.drom.org.mк
www.romaculture.com.mk